• Зоран Мишевски

Во првото финале во историјата на Евролигата меѓу Реал Мадрид и Панатинаикос љубителите на кошарката имаа можност да уживаат во квалитетот на кошарката и пресвртот на Грците. Панатинаикос се врати од -5 на полувреме и славеше со +15 против „кралевите“.
Ергин Атаман не ги криеше емоциите по голема победа во „Убер Арена“.
„Неверојатно е чувството. Имаме околу 15.000 луѓе овде кои се радуваат. Го заслуживме тоа. Имавме одлична сезона. Татко ми почина пред еден месец и оваа победа е за него. Toj беше со мене во сите успеси со Анадолу Ефес.
Можеби помисливте по првата четвртина дека ќе биде здодевно финале. Но, имавме контрола и напрсвивме еден од најголемите подвизи во историјата. Голема благодарност за грчките навивачи, но и за турските фанови кои ме поддржуваа“, рече Атаман.
Турскиот тренер откри и кои цели му ги постави контроверзниот претседател Јаникопулос.
„Кога го планиравме тимот со претседателот целта ни беше место на „фајнал-фор“. Сепак, полека растеше тимот и видовме дека можеме да играме со секого. Доаѓањето на Нан беше посложувањето на тимот и тогаш почувствував дека имам голем тим во раце. На првиот тренинг им реков на момците дека ќе ја паметат оваа екипа само ако победи и постави седмо знаме во „О.А.К:А.“, заврши тренерот на Панатинаикос.
Со три европски титули Ергин Атаман веќе е еден од најдобрите тренери во историјата на европската кошарка, освојувајќи европски натпреварувања во Италија, Турција и Грција.