• Горан Упале
Тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман испрати пофални зборови за својот нов играч Чеди Осман. Турскиот ас, кој е роден во Охрид, пристигна како последно засилување на Панатинаикос за новата сезона.
„Тој е одличен играч, се наоѓа во своите најдобри години и има одличен карактер, што е многу важно. Елементите кои во основа го карактеризираат неговиот стил се неговата физичка сила, неговата агресивност на двете страни од теренот и неговата способност да ја забрза играта кога најмалку очекувате.
Тој може да покрие две позиции, добро „чита“ ситуации и го става тимот пред себе си. Покрај талентот и големиот квалитет, Чеди има зрелост и искуство на највисоко ниво. Тој е вистински НБА играч, каков што му требаше на Панатинаикос“, рече тренерот на европскиот првак.
Осман се враќа во Европа по седум години минати во НБА лигата, играјќи за Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс. Минатата сезона на 72 натпревари имаше просек од 6,8 поени, 2,5 скока и 1,7 асистенции по натпревар.