Атаман: Нема да трошам време на извинувањата од Шрудер

Селекторот на турската репрезентација, Ергин Атаман, изјави дека нема намера да троши време околу извинувањата на Германецот Денис Шрудер, со кого влегоа во вербална војна после финалниот натпревар на Европското кошаркарско првенство. 

Шрудер и Атаман во неколку наврати разменија неколку жестоки пораки преку медиумите, а потоа германскиот кошаркар реши да се извини, но турскиот стратег вели дека тоа не го интересира. 

„Не можам да трошам време на извинувањата од Шрудер. Тој искажа зборови кои очигледно не ги мислел, но тоа е негов проблем. Јас не плачам, ниту, пак, патам од него. Напишал дека никогаш нема да бидам негов тренер и дека не сум доволно голем во поразите. Нека му служи на честа“, рече Атаман. 

За потсетување, Германија ја совлада Турција во финалето на Европското првенство и ги обедини двете најважни титули на меѓународната сцена.