Атаман: Нашите соништа се пред реализација, ни фали само одлучувачкиот чекор

Ако има некој тим кој може сезонава да застане на патот на Реал Мадрид во Евролигата - тоа е Панатинаикос. Грчкиот гигант минатото лето креираше моќен тим, воден од Ергин Атаман, и цел секако е евролигшката титула.

По одличните игри во директните дуели со „кралевите“ во регуларниот дел на сезоната, „детелинките“ сега се пред тешка мисија - да ги совладаат тимот на Реал Мадрид во финале.

„Среќен сум што по многу години Панатинаикос пак ќе игра финале. По една година пауза јас како тренер повторно ќе играм европско финале и пак против Реал Мадрид. Многу ми е мило што навивачите веруваа во нас цела сезона и сега можат да уживаат. Видов многу наши фанови во Берлин и горд сум што им го овозможивме ова задоволство. 

Натпреварите од регуларниот дел на сезоната не се споредуваат со едно финале. Кога игравме во Мадрид игравме неколку дена по репрезентативната пауза и не бевме ни ние, а ни тие во оптимална форма. Сепак, горд сум на победата во Мадрид, како и на сите победи против гплемите тимови во Евролигата. Кога го победивме Реал во Шпанија добивме нова енергија и знаевме дека сме тим кој има вредност и квалитет за „фајнал-фор“. Таа победа ни даде многу самодоверба“, смета Атаман.

Во јануари годинава првиот човек на клубот од Атина прогнозираше финале Панатинаикос - Реал и сега ужива во својата прогноза,. 

„Сите сништа на нашите навивачи, на нашиот претседателот Јаникопулос се пред реализација и верувам дека можеме да го направиме одлучувачкиот чекор. Би сакал да играме серија од пет или седум натпревари против Реал Мадрид, но системот на натпреварување е таков и мора да го прифатиме“, заврши Атаман. 

На трибините ќе доминира зелената боја, бидејќи се очекува присуство на многу поголем број грчки, отколку шпански навивачи.