Атаман: Кога Шортс беше на теренот игравме четири на пет!

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, жестоко го навреди репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс, на полувремето од натпреварот против Валенсија.

„Не игравме добро во нападот, во продолжение ќе го користиме повеќе Толиопулос. Кога Шортс беше на теренот, игравме четири на пет во нападот“, рече турскиот стручњак, иако натпреварот уште траеше. 

Валенсија избори пласман на завршниот турнир на Евролигата, откако ја доби „мајсторката“ со Панатинаикос со 81-64.