Атаман: Ако имаме еднакво и фер судење, ќе го победиме Олимпијакос!

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги „пецна“ судиите кои се делегирани за третиот натпревар од финалната серија против Олимпијакос во грчкото првенство, истакнувајќи дека „очекува еднаков и фер третман“. 

Двата гиганти се во егал-ситуација по првите два меча (1-1), а пред третиот дуел, Атаман повторно реши да го прокоментира судењето, за кое имаше критики во повеќе наврати. 

„Ако имаме фер третман од судиите, мислам дека можеме да победиме. Имаме почит за Олимпијакос, тие се европски шампиони, но сметам дека ПАО во моментов е во подобра позиција. 

Сакаме да победиме како што треба, со заслужена игра на паркетот. Судиите треба да бидат професионалци и да судат како што треба. Во спротивно, повторно ќе бидеме сведоци на големи негодувања и инциденти“, порача Атаман. 

Панатинаикос се обидува да стигне до шампионската титула и барем малку да „компензира“ за неуспехот во Евролигата, каде беше елиминиран од Валенсија во четвртфиналето.