Асвел влезе во историјата, против ПАО играше со најстариот тим во Евролигата

Кошаркарскиот клуб Асвел успеа да забележи уникатен рекорд во пресметката од 29. коло на Евролигата против Панатинаикос (82-86). 

На теренот од првата секунда тренерот Ти Џеј Паркер го изнесе најстариот тим, односно петорка со највисок просек на години, вкупно 35,2. На теренот истрчаа Шарл Кахуди (36), Алекс Тајус (35), Нандо Де Коло (35), Дејвид Лајти (34) и Ди Бост (33). 

Досегашниот рекорд го држеше Олимпија Милано, која во сезоната 2019/20 на теренот истрча со петорка која имаше просечна возраст од 34,52 години во која беа Скола, Мицов, Чиничиарини, Брнс и Брукс.