• Саше Љолес
Францускиот евролигаш, Асвел, доведе искусно име во своите редови и ја засили играта под кошевите за следната сезона.
Се работи за искусниот Тарик Блек, кој доаѓа од редовите на италијанската Реџана, а во текот на кариерата играше за Башакшехир, Олимпијакос, Зенит и Макаби. 32-годишниот центар има искуство и од НБА лигата, а таму го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс.
Минатата сезона во Реџана бележеше просек од 8,2 поена и 4,5 скока по натпревар, a најдобар скор во кариерата имаше во сезоната 2021/22, кога во екипата на Гранд Рапидс од Џи-лигата просечно впишуваше по 11,5 поени и 7,9 скокови.