АСВЕЛ потфрли во последната четвртина, ЦСКА врза две победи во Евролигата

По подолго време кошаркарите на ЦСКА Москва врзаа две победи во Евролигата, откако по триумфот на гости кај Панатинаикос, вечерва на свој паркет беа поуспешни од екипата на AСВЕЛ, победувајќи ја со 90-83.

Во првиот од двата денешни натпревари во елитата (два се одложени поради ковид-19), поранешниот шампион иако имаше улога на голем фаворит, до посакуваната победа стигна со многу пот. 

AСВЕЛ прикажа одлична игра на руско тло, во првите три четвртини беше рамноправен на паркетот и не му дозволи на домаќинот да фати ритам, Но, во последните десет минути како да остана без сили за надигрување, а ЦСКА искусно го искористи тоа и со ефикасна игра во нападот стигна до заслужена победа од 90-83.

https://ehfeuro.eurohandball.com/men/2022/news/en/referee-nominations-fo...

Италијанецот Хакет со 27 поени и Швед со 17 беа најрасположени во таборот на рускиот тим, додека во редовите на AСВЕЛ прв стрелец беше Маркос Најт со 16 поени.