Асвел не застанува, победничката серија ја продолжи кај лидерот Барселона

Асвел

Асвел стигна до шеста победа во низа и тоа на тешкото гостување кај лидерот во Евролигата, Барселона (69-76) во 26. коло од тековната сезона.

Францускиот тим одигра најдобро во завршницата и успеа да го изненади фаворитот. Слободните фрлања на Кол во последните секунди беа потврда на гостинската победа.

Одлуката околу победникот се случи во четвртиот квартал. Асвел стигна и до +8, но се опушти, па Каталонците обезбедија неизвесен финиш. Сепак, залихата за гостинскиот тим на крај беше доволнза за да го освои цел плен.

Дејвис од Барса беше најефикасен на теренот со 22, а поен помалку поситгна Кол за францускиот претставник.

Претходно Алба Берлин го надигра Панатинаикос на домашен терен (74-65). Тиеман се издвои од актерите на теренот со 16 постигнати поени.