Aсвел ја изненади „гордоста на Израел“ во Евролигата

Француски Асвел направи подвиг и на гостински терен славеше над Макаби Тел Авив (67-74) во рамки на кошаркарската Евролига.

Макаби одлично го отвори мечот и имаше предност (22-14), меѓутоа, во втората четвртина францускиот претставник го сврте мечот во своја корист (34-37) и водеше се до крајот на средбата во „Менора Арена“.

Кол беше лидер на победникот на овој натпревар со 17 постигнати поени, а неговиот учинок не успеаја да го неутрализираат Бендер и Дорси од Макаби Тел Авив, кои постигнаа 15 поени, односно 14 поени.

Асвел по 33 одиграни натпревари се наоѓа на тринаесеттото место, додека Макаби Тел Авив со овој пораз е 14-пласиран. И двете екипи немаат шанси за место меѓу најдобрите осум и позициите кои водат во разигрувањето за титула.