Асвел гради дрим-тим, договори историски трансфер на Силван Франциско

На повидок е голем трансфер во француската кошарка. Асвел ќе биде тимот во кој ќе се инвестираат огромни пари, а првото големо име кое ќе дојде во овој клуб ја разбуди фантазијата на фановите. 

Еден од најдобрите кошаркари на Евролигата, Силван Франциско, ќе го напушти Жалгирис и ќе потпише договор со Асвел. Францускиот плејмејкер ќе има плата од четири милиони евра по сезона и ќе потпише на три години. Ова ќе биде најголемиот договор во историјата на француската кошарка.

Асвел го договори и Армонио Брукс од Милан, а и Тимоти Луваву-Кабаро треба да се врати во тимот по две сезони. Во комбинација е уште и  поранешниот играч на Партизан, Франк Ниликина.

Тони Паркер создава моќен тим и ќе го нападне врвот на Евролигата.