Асвел го врати дома своето „дете“ со големо НБА искуство

Францускиот евролигаш, Асвел, официјално го врати во своите редови Тео Маледон, плејмејкерот кој минатите четири години ги мина во американската НБА лига. 

Маледон се враќа во клубот каде ја започна својата кариера, откако одигра 177 натпревари во најсилната светска конкуренција, настапувајќи за Оклахома, Шарлот и Феникс. Неговиот НБА просек изнесува 7,8 поени, 2,9 асистенции и 2,8 скокови по натпревар, a најдобар скор имаше во сезоната 2020/21, кога во дресот на Оклахома просечно бележеше по 10,2 поени. 

Французинот е шесто засилување за Асвел летово, откако претходно беа потпишани договори со Тарик Блек, Шек Харисон, Адмирал Шофилд, Нила Сако и Мелвин Ажинса.