ВИДЕО: Асистенција „а ла“ Јокиќ на највозрасниот кошаркар во Македонија!

И на 43 години љубовта кон кошарката сè уште е огромна. Едис Нури, капитенот на ТФТ Скопје, уште еднаш покажа дека годините се само бројка за него и на натпреварот со Кожув направи потег кој што ретко се гледа на македонскиот паркет. 

Највозрасниот кошаркар во Суперлигата во самата завршница од првото полувреме подели асистенција во стилот на кошаркарскиот великан Никола Јокиќ, откако од зад грб проигра соиграч кој беше сам пред рекетот и реализира лесни поени.

Нури на паркетот во Гевгелија мина нешто повеќе од дваесет минути, постигна шест поени, а подели уште пет асистенции.