Ашаданов: Очекувам поволен резултат на стартот од квалификациите за ЕП!

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги стартуваше кратките подготовки за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство, каде за противници ги имаме Данска, Грција и Хрватска. 

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе одиграат три натпревари во рок од само седум дена, што значи дека ритамот ќе биде тежок и пеколен, но надежта за добар резултат секако дека постои. 

Девојките се собраа во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе го одиграме и првиот меч против Данска, на 12 ноември во 17:00 часот. Три дена подоцна ја пречекуваме и Грција, а на 18 ноември ќе гостуваме во Хрватска. Првиот тренинг го „прескокнаа“ само Матеа Николиќ и Тијана Митрева, кои кои ќе се приклучат на утрешниот претпладневен тренинг.

Здравствениот билтен не е баш поволен, затоа што поради повреда ќе недостасува воедчкиот двоец од екипата на Баскет Кам, Ивана Кметовска и и Цветанка Димова. И покрај овој хендикеп, селекторот повикува на добар резултат и победа на првиот натпревар.

„Дел од “костурот“ на нашата екипа е задржан, надополнет со неколку млади играчи, и тој спој на младост и искуство очекуваме да ни даде поволен резултат на премиерата од новиот кваллфикациски циклус“, вели Ашаданов пред почетокот на новата квалификациска сесија.

За разлика од претходните квалификации, ќе се игра по малку изменет систем. Овој предвидува два „прозорци“ - ноемвриски и февруарски.

По одигрувањето на шесте натпревари во групната фаза, последнопласираните селекции од групите ќе го завршат своето натпреварување. Останатите ќе играат во втората фаза од квалификациите за место на Евробаскетот во 2027 година.