Ашаданов: Ќе биде исклучително тешко да се игра против БиХ

Во Скопје вечерва гостува репрезентацијата на Босна и Херцеговина, против која Македонија ќе го одигра вториот меч во квалификациите за Евробаскетот 2023 година.

Селекторот на нашиот национален тим Александар Ашаданов очекува уште еден тежок натпревар.

„Нè очекува уште еден тежок натпревар овој пат на домашен терен со Босна и Херцеговина, која покажа во првото коло против Белгија дека се работи за сериозна екипа. Главен адут на противникот е Џонс, МВП играчот од регуларната сезона во WNBA, која на првиот натпревар имаше брилијантни 44 поени и 24 скока. Ќе биде исклучително тешко против еден таков играч и противник“, најави Ашаданов.

Првиот дуел против Германија го пропушти Девана Бонер. Докторскиот тим во последен момент ќе одлучува за нејзиниот настап на денешната средба.

„Денеска во кошарката нема лесни противници. Мораме сериозно да му пристапиме на натпреварот, како и на секој друг. Очекувам победа и доаѓаме по неа во Скопје, но мораме да бидеме фокусирано. Некои нè потценија и на Евробаскетот. Мислеа дека сме таму само за да се појавиме. И тоа им се удри од глава на некои, на пример на Белгија уште во првото коло. Нема аутсајдери“, вели селекторот на БиХ, Горан Лојо.

Натпреварот во СРЦ „Кале“ се игра во терминот од 19:00 часот.