Ашаданов го објави списокот за ноемвриските квалификациски натпревари

Ашаданов

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов, го објави списокот за натпреварите во ноември во рамки од квалификации за Европското првенство 2023. 

Нашиот национален тим ќе ги одмери силите со Босна и Херцеговина и Германија. Македонскиот селектор објави список на кој има 24 имиња. Сите кошаркари ќе се појават на подготовките, а потоа ќе биде одлучено кои од нив ќе добијат шанса за настап.

Дуелот против германската репрезентација ќе го одиграме во Хале на 11 ноември, а три дена подоцна во „Кале“ ни гостува БиХ.