• Горан Упале
Според бугарскиот медиум „bball.bg“, некогашните македонски селектори, Марин Докузовски и Јовица Арсиќ, се главните кандидати за преземање на тренерското столче на бугарскиот прволигаш, Балкан.
Тимот на Балкан е добро познат во нашата јавност, бидејќи подолг период беше предводен од Александар Тодоров, кој своевремено беше и помошник на двата тренери во македонската репрезентација.
Пореална е опцијата Арсиќ да биде новиот тренер на Балкан, не само поради тоа што тој моментално е без ангажман, туку и поради фактот што пред извесен период тренерот на Работнички, Докузовски, беше поврзуван со повеќе европски екипи, но сепак тој одлучи да му биде верен на тимот од Скопје.

