Аргентинското танго се враќа во Белград, Црвена Звезда пред договор со Вилдоза

Навивачите на Црвена Звезда повторно би можеле да гледаат аргентинско „танго“ во Белград бидејќи, како што пренесуваат европските медиуми, клубот од Мали Калемегдан е заинтересиран за враќање на Лука Вилдоза.

Поточно, италијанскиот новинар Матео Адреани наведува дека „црвено-белите“ веќе се договориле со аргентинскиот бек и дека Вилдоза сигурно ќе го напушти Панатинаикос на крајот од сезоната.

Вториот дел не е толку чуден. Аргентинецот и Ергин Атаман никогаш не успеаја да најдат заеднички јазик во текот на целата натпреварувачка година. Турскиот тренер јавно го изрази своето незадоволство од недоволната посветеност на Вилдоза кон медиумите, па не чуди што поранешниот играч на Црвена Звезда сака да ја напушти Атина.

Во оваа сезона во Евролигата, Вилдоза одигра 27 натпревари, а само на пет се најде во стартната петорка. За петнаесет минути по натпревар имаше просек од 5,8 поени, 1,5 асистенции и 1,5 скока.