Аргентина на нозе, Скола потврди дека ќе игра на ЛОИ во Токио!

Луис Скола

Летните Олимписки игри во Токио наредната сезона скоро сигурно ќе биде последното големо натпреварување за Луис Скола.

Ветеранот во аргентинската репрезентација играше во одлична форма на овогодишниот Мундобаскет, а сега потврди и ги израдува фановите дека ќе биде дел од составот и наредното лето.

„Ако не се квалификувавме на ЛОИ, ќе заминев во пензија. Сепак, кога веќе сме таму, мојата сопруга ми рече дека треба да играм уште една сезона. После тоа го избрав Милано. Ќе играм напорно и ќе се обидам да се забавувам. Забавата е најважна работа, правењето пари е во втор план за мене.

Пред две или три години, не можев да замислам дека ќе играм во 2020 година, а сега јас сум многу блиску до таа одлука“, изјави еден од најдобрите аргентински кошаркари на сите времиња.

За 39-годишникот тоа ќе биде петти настап на Олимписките игри, на кои има освоено еден златен и еден бронзен медал.