Аргентина ја „тресна“ Полска и како лидер патува во четвртфиналето! 

Кошаркарската репрезентација на Аргентина ја одиграа можеби најдобрата партија на Светското првенство и како лидер патува во четвртфиналето на собирот во Кина

Пред разиграните „гаучоси“ попладнево падна селекцијата на Полска, која пријатно изненади во досегашниот дел на Мундобаскетот, но денес немаше никакви шанси и заслужено загуби со убедливи 65-91. Воедно, овој пораз беше прв за европската репрезентација, која досега забележа четири победи. 

  • Извештај од натпреварот: 

Искусниот Луис Скола во вистински момент ги покажа своите квалитети и со 21 поен беше најпрецизен во победничкиот табор, а кај Полска прв поентер беше Шлаугтер со 16 поени. 

И покрај поразот, Полска како второпласирана во групата И обезбеди пласман во елиминационата фаза на планетарниот собир.