Аргентина ја „преслуша“ Венецуела и патува во четвртфиналето на СП

Кошаркарската селекција на Аргентина ја оправда фаворитската улога во осминафиналето на Мундобаскетот и на рутински начин славеше во јужноамериканското дерби против Венецуела. 

„Гаочосите“ во ниту еден момент не дозволија резултатска неизвесност на мечот, уште од самиот старт го презедоа водството, наметнаа темпо на игра кое беше недостижно за противникот и на крај заслужено славеа со убедливи 87-67.

Венецуела само во почетните минути имаше сили за надигрување во големиот фаворит, кој за краток период фати ритам и започна немилосрдно да го полни кошот на противникот. На полувреме разликата застана на +13 за Аргентина, додека во финишот достигна до највисоки 20 поени, разлика која „гаучосите“ ја сочуваа до крајот на мечот (87-67).

  • Извештај од натпреварот: 

Најдобар поединец во таборот на славеничката селекција беше Габриел Делк со 25 поени, додека кај Венецуела се истакна Карера со 19 поени.