• Иван Димовски
Кошаркарите на Њујорк Никс одиграа маестрална партија и славеа на гостувањето кај Денвер Нагетс со 118-145. Прелесно гостите во „Бол Арена“ постигнуваа поени и тоа се одрази на крајниот резултат, односно бројот на примени поени.
- Денвер Нагетс - Њујорк Никс:
ОЏ Ануноби беше прво име на натпреварот, тој уфрли 40 поени и беше најдобар својот тим. Сепак, мора да се нагласи и учинокот на Карл Ентони Таунс кој уфрли 30 поени и фати дури 15 скока. Кај Денвер најдобар поентер беше Расел Вестбрук со 27, додека гостите одлично го контролираа Јокиќ кој запре на 22 поени.
Шампионот Бостон ја забележа шестата победа во низа, овојпат против Лос Анџелес Клиперс на свој паркет (126-94). Ивица Зубац од таборот на поразените беше најефикасен на средбата со 23 поени и 10 скока, додека кај Бостон по 20 уфрлија Причард и Тејтум.
- Бостон Селтикс - Лос Анџелес Клиперс:
На останатите терени Бруклин слави кај Голден Стејт (120-128), Оклахома се радува во Сакраменто (109-130), Орландо триумфира во Шарлот (84-95) и Далас без Дончиќ победи во Атланта (119-129). Домашни победи забележаа Индијана против Њу Орлеанс (114-110) и Детроит со Торонто (102-100).