• Саше Љолес

Кошаркарите на Пелистер се пред нов сериозен предизвик во плеј-офот на Првата македонска лига и ќе се обидат да дојдат до „брејк“ на теренот на Работнички, кој води со 1-0 после првиот натпревар одигран во Скопје.
Битолчани допатуваа во главниот град во обид да стигнат до израмнување и да добијат уште најмалку два меча во салата „Боро Чурлевски“, каде сигурно ќе имаат огромна поддршка од навивачите.
„На првиот натпревар одигравме квалитетно во одбраната, исто така и во нападот, па разочарувачки е што не успеавме да го забележиме посакуваниот резултат.
Ова се пресметки меѓу две израмнети екипи, ќе мораме да внимаваме и на најситните детали, да ги спроведеме тактичките замисли на тренерот ако сакаме да победиме.
Знаеме дека можеме да славиме, но тоа е можно само ако одиграме максимално квалитетно во текот на сите 40 минути“, изјави Брајан Антоан, американскиот бек во таборот на Пелистер.
Вториот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија меѓу Работнички и Пелистер започнува во 19:00 часот.