ВИДЕО: Антиќ втор стрелец за Црвена Звезда во победата над Игокеа

кипата на Црвена Звезда потешко од очекуваното ја запиша својата 18. победа во АБА-лигата, откако во првиот денешен натпревар од регионалното кошаркарско натпреварување славеше на гостувањето кај босанска Игокеа (76-82).

„Црвено-белите“ неочекувано наидоа на силен отпор од домаќинот во првите две четвртини. Игокеа рамо до рамо се носеше со актуелниот бранител на АБА трофејот, презентирајќи отворена кошарка која ги изненади избраниците на Алимпијевиќ. Нашиот поранешен капитен во првото полувреме доби седум минути игра во кои успеа да реализира четири поени и два скока. 

На полувреме се замина со водство на домашната екипа до 45-42, која и во третиот квартал продолжи со фантастичните игри и тотално го надигра големиот ривал, па во финалните десет минути се влезе со водство на Икогеа од пет поени (65-60). Сепак, искуството и квалитетот на кошаркарите на Црвена Звезда излезе на површина во клучните моменти од мечот, кога белграѓани направија серија од (6-0) и заслужено стигнаа до новите АБА бодови. 

Рочести со 23 поени беше најпрецизен во редовите на победничката екипа, додека Антиќ мечот го заврши со 11 поени и 4 скока. Во таборот на босанскиот тим се истакна Јевтовиќ со 17 поени.