Антиќ седна на „жешкото столче“, Управниот одбор ќе се бира за 15 дена

Перо Антиќ ја донесе првата одлука на Изборното собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), по наследувањето на Петар Наумоски на претседателското место.

Македонската кошаркарска легенда ја доби довербата од присутните, но членовите кои ќе добијат место во Управниот одбор во „куќата на кошарката“ ќе бидат познати за две седмици.

Новите раководни луѓе во МКФ најавија дека за 15 дена ќе бидат познати членовите на УО кои ќе бидат дел од федерацијата.