Антиќ по видео-конференција со прволигашите: Наскоро одлука за мак-сезоната

На состанокот преку конференциска врска остварен во текот на денешниот ден, со десетте клубови кои се дел од Првата лига во машка конкуренција, беше донесен заклучок, во текот на денот, федерацијата да ги добие сите предлози од страна на клубовите и за кратко време, да донесе конечно решение.

На денешниот состанок со прволигашите, реализиран со посредство на конференциска видео-врска, беше договорено во рок од 24 часа, односно до утре напладне, претставниците на десетте прволигаши, во писмена форма, да ги достават своите размислувања, предлози, сугестии, барања кои се поврзани со понатамошното функционирање на нашето најквалитетно натпреварување.

По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок, во коориднација со ФИБА, раководството на КФСМ ќе донесе и конечна одлука околу тоа како и дали ќе се реализира натпреварувањето во Првата лига за сезоната 2019/20.