ФОТО: Антиќ не заборава на Ц.Звезда, испрати специјална честитка за АБА-титулата

Антиќ

Првиот човек на македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ испрати писмо до својот поранешен клуб Црвена Звезда во кое му честита за неодамна освоената титула во АБА лигата.

Познато е дека нашиот поранешен репрезентативец е голем фан на „црвено-белите“. Овој гест е доказ дека будно ги следи сите натпревари и успеси на српскиот гигант.

„Секоја чест момци!

Честитки за фантастичната сезона во АБА-лигата и освоената петта шампионска титула во Јадранската лига. Пред сè, до претседателот на КК Црвена звезда, г-дин Небојша Човиќ и сите членови на одделот на КК Црвена звезда за новиот трофеј во богатата историја на клубот.

Посебен поздрав за оние без кои оваа титула не би била реалност - ДЕЛИЈЕ, капитенот Бранко Лазиќ и потпретседателот на клубот Мали Калемегдан, Марко Кежеj.

Добро знај дека јас сум секогаш тука,

добро знај дека никогаш нема,

да те оставам, да те заборавам.

Добро знај дека секогаш сум тука!“ , гласи пораката на Антиќ.