Антиќ ќе биде адутот на Ц. Звезда за финалето со Партизан

Синоќа, српскиот кошаркарски шампион, Црвена Звезда, со убедливата победа над ФМП (98-82) успеа да обезбеди ново финале во националниот куп, во кое за титулата ќе се бори со големиот градски ривал, Партизан

За големото финале „црвено-белите“ ќе можат да сметаат на услугите на нашиот најдобар кошаркар, Перо Антиќ, кој вчера, иако беше во составот, немаше потреба од негова помош. Затоа вечерва се очекува Антиќ да биде предводник на тимот кој има амбиција да ја одбрани Куп-титулата и да го освои петтиот трофеј во последните шест години. 

Некогашниот македонски репрезентативен капитен поради повреда на стапалото пропушти голем дел од овогодишните натпревари на белградскиот гигант во АБА лигата и Евролигата, но според најавите повредата е веќе минато и Антиќ е подготвен да му помогне на својот омилен тим. Големото дерби на српската кошарка е закажано за вечерва со почеток од 21.00 часот.