Антиќ исклучен, Фелдин донесе тешка победа на Црвена Звезда над ФМП

Црвена Звезда поведе со 1-0 во финалната серија на српскиот кошаркарски плеј-оф против ФМП. Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ се здоби со исклучувачка лична грешка, заради реакција кон судиите.

„Црвено-белите“ во драматичен финиш славеа против ФМП со 84-83 во првиот финален меч од плеј-офот во Суперлигата на Србија. Џејмс Фелдин на само 12 секунди пред крајот постигна решавачка тројка за Црвена Звезда и токму тие поени ја донесоа победата. 

Перо Антиќ беше стрелец на шест поени, а имаше и одличен учинок во одбраната. Финалето се игра на три добиени натпревари, а и вториот дуел за два дена се игра на теренот на „црвено-белите“.