ФОТО: Антиќ и Гечевски донираа кошаркарска опрема за Пробаскет во Пробиштип

Кошаркарските легенди Перо Антиќ и Тодор Гечевски денес им донираа спортска опрема, табла и баскет на членовите КК Пробаскет од Пробиштип. Со овие подароци тие директно помогнаа за подобрување на условите за тренинг и натпреварување.

Антиќ и Гечевски ги прими градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, а потоа поранешните репрезентативци се дружеа со најмладите кошаркари.

Оваа иницијатива е за секоја пофалба и младите момчиња и девојчиња од Пробиштип нема никогаш да ја заборават средбата со легендите.