Антиќ и Фенербахче ја освоија Суперкуп титулата во Турција

Перо Антиќ и Фенербахче ја започнаа новата сезона со трофеј од Суперкупот на Турција, откако во денешното финале го совладаа тимот на Анадолу Ефес со 77-69.

Иако се очекуваше многу понеизвесен натпревар, соиграчите на Антиќ од самиот почеток го диктираа темпото и заслужено стигнаа до трофејот. Од самиот старт имаа водство, играјќи цврста одбрана, а кон средината на втората четвртина имаа и највисоки +16 (32-16), предност која тимот на Перасовиќ до крајот не успеаа да ја елиминира.

Најефикасен кај Фенербахче беше Диксон со 19 поени, додека во тимот на Ефес Грејнџер запиша 15. Антиќ не постигна поени, имаше два скока и една асистенција. 

За кошаркарите на Фенербахче денешната титула е нивна шеста во Суперкупот на Турција, а прва по доаѓањето на нашиот Перо Антиќ.