Антиќ го потврди тимот: Гечевски нов директор, Георгиевски ќе биде генсек

Перо Антиќ, новиот претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), ги именуваше своите најбислки соработници на состанок на новиот Управен одбор (УО) на „Куќата на кошарката“.

Она што се најавуваше пред кампањата, само се потврди. Кошаркарската легенда Тодор Гечевски ќе биде нов директор на МКФ, додека Владимир Георгиевски, кој исто така беше дел од тимот на Антиќ во „изборната кампања“, ќе работи како Генерален секретар.

Двајцата доаѓаат на позициите на Владимир Темелковски, односно Моника Гаврилоска, двјацата најблиски соработници на доскорешниот претседател Петар Наумоски.

Перо Антиќ стана претседател на МКФ на 15 мај, откако на Изборното собрание во „Сквер 21“ немаше ниту еден противкандидат и од клубовите едногласно беше избран за нов „татко“ на македонската кошарка.