• Саше Љолес
Поранешниот македонски кошаркар, Перо Антиќ, во интервју за Евролигата ги изнесе своите фаворити за пласман на овогодишниот завршен турнир во елитното наптреварување.
Антиќ не ги криеше симпатиите за клубовите во кои настапуваше во текот на кариерата, истакнувајќи дека има желба на фајнал-фор турнирот да ги види Олимпијакос, Црвена Звезда и Фенербахче.
Исто така, посака последното место да му припадне на тимот на Монако, каде тренер е неговиот пријател и поранешен соиграч, Василис Спанулис. Антиќ изјави дека лигата секоја година станува поинтересна и посилна, а тоа се потврдува со зголемените буџети на клубовите и прекрасната атмосфера ширум салите на стариот континент.
За потсетување, Антиќ е трикратен европски шампион. Две титули освои со грчкиот Олимпијакос и уште една со Фенербахче.





