ВИДЕО: Антетокумпо со забивање од ЛИНИЈАТА ЗА СЛОБОДНИ ФРЛАЊА

Антетокумпо

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо одлично го отвори плеј-офот и ја водеше екипата на Милвоки до прва победа во дуелот со Детроит.

Најдобриот кошаркар на Бакси покажа зошто е еден од кандидатите за МВП наградата и доминираше на двете страни од теренот.

Еден момент од неговото издание им остана во сеќавање на фановите, а тоа е забивањето скоро од линијата за слободни фрлања. Неговите физички способности се чини немаат граница и се причина за воздишки на меѓу навивачите на трибините.

  • Погледнете го забивањето на Антетокумпо:

Вториот меч од оваа серија e закажан за в четврток и повторно ќе се одигра на теренот на тимот со најдобар скор во регуларниот дел од НБА лигата.