Антетокумбо: Можев да одберам во супер-тим, но го избрав потешкиот пат до титулата!

Најкорисниот кошарка во финалната серија на НБА-лигата, Јанис Антетокумбо, ги искажа своите впечатоци по освојување на својата прва титула во кариерата. 

Најдобриот кошаркар на Милвоки неколку минуту по победата во шестиот финален натпревар изјави:

„Одамна можев да одам во помоќен тим и да станам шампион. Но, јас го избрав потешкиот пат до титулата. Ова е патот по кој сите поминавме заедно. И успеавме“, им рече Јанис на новинарите по триумфот над Феникс рано изутрина по средноевропско време.

Клубот од Висконсин го избра Јанис како 15-ти пик на драфтот во 2013 година и веднаш му даде шанса на тогашниот младиот кошаркар од грчката втора лига.