ВИДЕО: Антетокумбо го „истумба“ Иран, лесна победа и за Летонија

Денес во Белград и Торино започнаа првите мечеви од Олимписките квалификации во кошарка во машка конкуренција. На турнирот во белградска „Арена“ Летонија без проблеми славеше против Јапонија со убедливи 88-48. Најефикасен во победничката селекција беше асот на Лаборал Куча, Бертанс со 20 поени.

Грција беше убедлива против вицешампионот на Азија, Иран и го совлада со 78-53 во Торино, со одлична фаза во двете фази во текот на целиот натпревар. НБА ѕвездата Јанис Антетокумбо со 16 поени беше прво име во ослабената грчка селекција на Кацикарис. За овој турнир нашиот јужен сосед е без Спанулис, Принтезис и Слукас. 

Турнирот во Манила започнува ноќва по средноевропско време. Само три од 18 селекции ќе обезбедат пласман на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.