• Мартин Танасковски

Екипата на Ангели продолжи да победува и на домашен терен го совлада Работнички (62-76), за четврта победа во низа во прволигашкото друштво, но пирова, затоа што тимот од Кисела Вода е второлигаш.
Куманово со победата над Академија ФМП го осигура опстанокот и ги испрати Ангелите во второлигашкото друштво заедно со МЗТ Скопје Уни Банка. Работнички, сепак, беше лесен плен за тимот кој игра во втора најдобра форма во лигата (по МЗТ Скопје).
Причина за лошата игра на центарци беше отсуството на Американците. Со само еден странец Работнички му се спротистави на тимот на Ангели, тоа беше српскиот кошаркар Балзамовиќ. Ангели до победата го водеа Деолски и Хендерсон со по 18 поени, додека кај Работнички најистакнат беше Марковски со 18 поени.
Ангели покрај над Работнички славеше и над Куманово, Академија ФМП и Кожув. Тимот има осум победи и сигурно ќе биде претпоследен. Работнички го забележа 17-тиот пораз.