Ангели слават во драматичното второлигашко дерби во Маџари

Кошаркарите на Ангели беа подобри од Маџари и славеа минимална победа од 83-81 во најинтересниот дуел од третото второлигашко коло. За избраниците на тренерот Игор Гацов трета во серија која ги остава осамени на првата позиција во Втората лига со максимален ефект.

Во победничката екипа поентерски отскокаа Богатиновски, кој постигна 28 поени, Стојанов со 21, и Стојановски кој го заврши натпреварот со 14 поени. Во онаа поразената, Петкоски даде 19 оени, Нацевски реализираше 17, а Миновски уште 16 поени.

Црн Дрим дојде од гостинска победа во дуелот со Работнички 2018 (78-83). Ѓоровиќ реализираше 21 поен за струшкиот второлигаш. Камиловски го следеше со 20, додека Здравковски дополни со уште 17 поени.

Втора лига (м)
Трето коло:

Маџари – Ангели  81-83
Мега баскет - МЗТ Скопје Уни Банка 93-65
Работнички 2018 - Црн Дрим   78-83
Охрид - Академија ФМП            89-64
Борец баскет - Соколи 1933     96-75