Ангели одигра фуриозно полувреме, но го „положи оружјето“ пред Работнички

Работнички имаше мали проблеми во првиот дел, но истите ги реши со подобра игра во третата четвртина и запиша очекувана победа над Ангели (86-69).

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Ангели: 

Големиот фаворит беше шокиран од гостинската игра во првиот дел. Новајлијата во лигата стигна до двоцифрена позитива против славниот противник и на пауза замина со задоволителен резултат (38-48).

Меѓутоа работите се свртија во корист на тимот од Градски парк во продолжението. Гостинот постигна само четири поени и разочара во третиот период. Одбраната на Работнички беше виновна за овој минимален учниок на ривалот.

Пресвртот беше комплетиран во завршниот квартал. Домаќинот продолжи да гради предност и да се одлепува од противникот. На крај, бодовите останаа кај избраниците на Тони Симиќ, кои избегнаа болен пораз на домашен терен.

Емерсон со 21 поен беше прв стрелец кај Работнички. Данаиловски заврши со 18, а Мацура реализира 17 поени. Прво име кај Ангели беше Мандерсон со 22 поени. Екипата на Симиќ има три победи од исто толку натпревари, а гостите го запишаа третиот сезонски неуспех.