Ангели го освоија Бутел, штипски „соколи“ слават кај Водно Санс

Во скопското второлигашко дерби, екипата на Ангели славеше победа на гостувањето кај Бутел со 66-80, што беше доволно да остане на првото место во поредокот по десет одиграни мечеви во втората лига.

Со 23 поени Стојанов го предводеше составот од Драчево до новиот успех. Секако со помош од соиграчите, Ибраими го следеше со 19, Богатиновски даде 14, а Стојановски уште 12 поени. Во домашниот табор, Мартиновски постигна 13, а Киров имаше реализира 11 поени.

Екипата Соколи 1933 беше сигурна на гостински терен и го победи Партизан Водно Санс со 83-106. До новиот успех во првиот дел од сезоната, (осми во десет одиграни натпревари) штипскиот тим го предводеше капитенот Караколев кој постигна 22 поени. Митевски дојде до 19, Костадинов до 15, а Шајкаров имаше уште 13 поени.

Втора лига
10. коло:

Партизан Водно Санс – Соколи 1933            83-106
Црн Дрим – МЗТ Скопје Уни Банка    97-94
Мега баскет – Маџари    74-84
Бутел – Ангели       66-80
Борец баскет – ГКК Охрид         77-62
Работнички 2018 – Академија ФМП  75-62