Ангели донесоа нов плејмејкер од САД во битката за опстанок

Кошаркарскиот тим Ангели донесе ново име во своите редови и во следниот период во тимот од Кисела Вода треба да настапува Рејм Грифин, кој ќе ја има втората авантура во Македонија.

Се работи за кошаркар кој е роден во 1989 година, а последните настапи ги имаше во Албанија, во тимот на Партизани Тирана. Во европската кошарка Грифин настапуваше и во Косово, Македонија и Црна Гора.

Во Македонија, плејмејкерот го носеше дресот на Куманово во 2017 година. КК Ангели е без победа во Првата лига по 12 одиграни кола и следи тешка битка за опстанок.