• Иван Димовски
Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ имаше значајна улога во новиот триумф на Стони Брук Сивулфс, кој пред својата публика го совлада Дрексел Драгонс со 72-69 во натпревар од НЦАА лигата во САД.
Плејмејкерот на домашниот состав одигра дури 37 минути и придонесе со 14 поени, дополнети со два скока, две асистенции и три украдени топки. Со тоа продолжи континуитетот на добри настапи, имајќи двоцифрен ефект на осум од последните девет средби.
Ова беше седма победа за Стони Брук во тој период, со што тимот се проби до четвртата позиција на табелата и остана во игра за уште повисок пласман пред завршницата од регуларниот дел.
До крајот преостануваат уште четири кола, по што ќе следуваат конференцискиот плеј-оф и завршницата на сезоната во НЦАА.
