• Иван Димовски
Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ беше еден од најдобрите во победата на Стони Брук Сивулфс над Хофстра (76-71) во универзитетската НЦАА лига во Соединетите Американски Држави.
Овој натпревар беше одличен за Шошкиќ кој на паркетот мина 32 минути. Македонецот беше најдобар поентер, бидејќи уфрли 20 поени за својот тим. Талентираниот кошаркар беше еден од лидерите на тимот на меч во кој се истакнаа тројца од Стони Брук, бидејќи ист број поени имаше и Ричард Гудс, а со 18 мечот го заврши Ерик Прат.
Освен 20 поени Шошкиќ го заврши мечот со четири скока и три асистенции.
Стони Брук оваа сезона во НЦАА лигата има десет победи и девет порази, па котира на седмото место во својата лига.
