Андреј Маслинко е новиот капитен на вицешампионот Пелистер

На денешната прес-конфернција, со која означи почеток на новата сезона, кошаркарсккиот вицешампион на Македонија, Пелистер од Битола, го презентираше новиот капитен. По заминувањето на Бибан Стајиќ, кој во последните две сезони ја носеше капитенската трака, клубот означи нов почеток со Андреј Маслинко како предводник на екипата. 

26-годишникот ја почнува втората сезона во битолскиот клуб. Тој одлично ги познава можностите на мак-кошарката, бидејќи Пелистер е негов петти клуб во домашното првенство. Досега Маслинко настапуваше за Работнички, МЗТ Скопје, ТФТ и Гостивар. 

„Посебна чест ми е што сум избран за капитен на овој клуб. Се пронајдов во Битола, убаво ми е во градот, во клубот и верувам дека со новиот спонзор и новиот проект ќе се бориме за големи работи. Верувам дека Пелистер ќе води битка со МЗТ Скопје и Работнички за титулите на домашна сцена. 

Новата сезона во македонскиот шампионат почнува на први октомври, а осум дена подоцна следи првиот „балон“ на АБА2 лигата.