• Мартин Танасковски

Екипата на МЗТ Скопје и во периодот кој следи ќе биде без плејмејкерот Андреј Магдевски, кој мораше да направи операција заради повреда со која се стекна на меч во мак-баскетот.
Магдевски успешно опериран по тешката повреда на коленото, здобиена на неодамнешниот домашен меч против Тиквеш.
Македонскиот репрезентативец се повреди при еден од карактеристичните пробиви кон противничкиот кош, по што по низа лекарски консултации беше решено дека е неопходен оперативен зафат.
Операцијата кошаркарот на МЗТ Скопје ја имаше во болницата „Аџибадем Систина“.










