Андреј Јакимовски првпат ќе игра во Европа, потпиша за италијанскиот Тренто!

Италијанскиот кошаркарски прволигаш, Доломити Енерџија Тренто, објави дека постигнал договор со македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски. 

Нашиот кошаркар првпат во кариерата ќе настапува во Европа, откако претходните пет години ги мина во НЦАА дивизијата. 

Најавен е како разновиден играч со различни способности, кој може да шутира и во ситуации под прекршок, а исто така потенцирана е и неговата опасност кога го напаѓа обрачот, благодарение на брзината и физичката подготвеност. 

Благодарение на неговиот постојан напредок, минатата сезона заигра за екипата на Колорадо Бафалос, каде бележеше просек од 10,2 поени и 5,1 скок, со 42% реализација за два поени и 32% ефикасност за три поени.