Андреј Јакимовски избра да остане во Италија, има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и следната сезона ќе настапува во италијанското првенство, откако ја прифатил понудата на Наполи и кариерата ќе ја продолжи во амбициозниот клуб од југот на Италија.

По успешната сезона во дресот на Тренто, Јакимовски привлече интерес од повеќе екипи, а меѓу нив беше и шпанскиот шампион Валенсија, каде минатата сезона настапуваше македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ.

Сепак, 24-годишниот крилен кошаркар се одлучил за Наполи, клуб кој од следната сезона ќе настапува во ФИБА Еврокупот и е предводен од искусниот хрватски стратег Јасмин Репеша.

Јакимовски зад себе има солидна дебитантска сезона во италијанската Серија А, каде во просек бележеше 9,3 поени, 4,6 скока и 1,1 асистенција по натпревар.

Уште подобри бројки имаше во настапите во Еврокупот, каде просечно постигнуваше 10,8 поени и 6,1 скока за 24,4 минути поминати на паркетот.