Андреј Цветковски се сели во Битола: Потпиша едногодишен договор со Пелистер

Прволигаш Пелистер од Битола го доведе првото засилување за сезоната 2019/20 во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Имено, екипата која и следната сезона ќе ја води српскиот стручњак Зоран Тодоровиќ е посилна за поранешниот младински репрезентативец Андреј Цветковски.

Тој го засили тимот на Пелистер по полусезона мината во Вардар. Претходно, Цветковски ги носеше дресовите на МЗТ Скопје, Работнички, Кожув и Блокотехна. Цветковски стави потпис на една сезона со можност за соработка за уште една ако двете страни бидат задоволни. 

Битолскиот прволигаш најавува уште неколку засилувања, главно на македонски кошаркарки, како би бил поконкурентен за разлика од последните неколку сезони кога редовно играше плеј-аут.

Подготовките за новата сезона пелистерци ќе ги започнат на крајот на август.