• Саше Љолес
Кошаркарите на МЗТ Скопје без никакви проблеми го совладаа Вардар (79-110) во натпреварот од седмото коло во Првата македонска лига. Избраниците на Васко Атанасов започнаа во мал грч, но дојдоа до триумфот со одлична игра во втората, третата и последната четвртина.
- Комплетниот натпревар помеѓу Вардар и МЗТ Скопје:
На паузата „металците“ имаа предност од девет поени (40-49), а до крајот комплетно го разбија ривалот и само ја зголемуваа разликата која даде убедлив епилог (79-110).
Најефикасен во победничкиот состав беше Андреј Андоновски со 20 поени, а Дамјан Стојановски уфрли четири помалку. Кај Вардар најдобар поединец беше Хусеин Бајрам со 20 поени.
За МЗТ Скопје ова е петти триумф сезонава, додека Вардар останува „фенерџија“ и нема ниту една победа во елитното друштво.